Дома Македонија Економија Државата го намали фондот за осигурување на депозитите

Државата го намали фондот за осигурување на депозитите

366
0
АКЦИЈА

Фондот за осигурување на депозитите во 2019 е намален во однос на целокупните заштеди кои ги имаат граѓаните и правните лица во банките и штедилниците. Тоа се случува и во ситуација кога нивните депозити се зголемиле од 3,9 на 4,3 милијарди евра на сметките, пренесува Фактор.

Тоа се должи најмногу поради тоа што државната финансиска институција во текот на 2018 наплатуваше двојно помала премија од банките и штедилниците. Ако во поголемиот дел од 2017 таа изнесуваше 0,5 отсто од годишните приходи на секоја банка и штедилница, низ целокупната 2018 таа се наплатуваше по 0,25 отсто, според договор направен однапред.

Затоа, Фондот лани наплатил само 10 милиони евра од банките и штедилниците, додека една година претходно сумата изнесувала 17 милиони евра. Покриеноста на осигурувањето во однос на вкупната база на депозити е падната од 6,5 отсто покриеност на 6,29 проценти кои ги има државниот фонд во однос на сите заштеди во случај да се појави ризик.

Така, иако овој „гарантен“ фонд номинално изгледа ист, реално е намален ако се земе соодносот. ФОД не гарантира целосно за сметките со над 30.000 евра од страна на поединците, фирмите и другите субјекти и според евиденцијата во извештајот за 2018 тие за една година се зголемиле од 44,11 отсто на 46,3 проценти во структурата на депозити.

Фондот минатата година остварил и далеку помала заработка од камати со учествата во купувањето на државните записи при 18 аукции во задолжувањата на Министерството за финансии. Поради рапидно намалена каматна стапка од 1,85 на 1,2 отсто. Програмираната сума од камати во овој случај е 3 милиони евра, за разлика од 5-те милиони евра во 2017-та.

Во текот на 2018 година вкупно се исплатени 28 штедачи во вкупен износ од 1.499 илјади денари. Сите исплатени штедачи биле депоненти на Македонска банка а.д. Скопје во ликвидација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here