Дома Македонија Вести КАРПОШАНИ ГНЕВНИ: Каде е „животот“ кој го ветуваше Богоев – освен смрдеа...

КАРПОШАНИ ГНЕВНИ: Каде е „животот“ кој го ветуваше Богоев – освен смрдеа не добивме ништо!

525
0
АКЦИЈА

Неодамна граѓаните на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа огромниот смет кој ја грди населбата.

Расфрлано ѓубре и отпад и лоша миризба од истото. Наместо слободно да се движат по тротоар, жителите се приморани да го заобиколуваат отпадот кој е на сите страни.

Неколку пати за помош се обраќале и до општината Карпош со која раководи градоначалникот Стефан Богоев, но од таму добиле одговор дека тоа е приватна сопственост и не е под нивна надлежност.

Жителите реагираат дека тоа е јавна површина, за која сметка мора да води општината.

Како ова да не е доволно, граѓаните секојдневно се жалат и за неажурнста на градоначалникот Стефан Богоев за работи кои се од големо значење за жителите кои живееат во оваа општина.
Социјалните мрежи преплавени со фотографиите од општина Карпош

Коменатрите под фотографиите се негативни и го прашуваат Богоев дали ќе дојде „животот“ кој го ветуваше.

„Општина Карпош ажурна, овие работи се повеќе од 6 месеци вака. Островче кај Влајко, фонтана и дупка кај Стара телевизија“, се само дел од коментарите преку кои граѓаните ги потсетуваат надлежните за нивната работа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here