Дома Македонија Вести Кривичниот суд одлучи – Нема екстрадиција за Томор Морина

Кривичниот суд одлучи – Нема екстрадиција за Томор Морина

731
0
АКЦИЈА

Кривичниот суд соопшти дека не се исполнети условите за екстрадиција на притворениот Томор Морина. Решението ќе биде испратено до Врховниот суд за понатамошно одлучување.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.

– Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на Обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here