Трошоците на живот во јули во државава бележат раст од 0,8 отсто во однос на јули лани, а цените на мало 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во јули 2019 година, во однос на претходниот месец, има раст од 0,2 отсто, а индексот на цените на мало за 1,1 отсто.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4,8 отсто, маслото и маснотиите за 2,1 отсто, лебот и житата за 1,7 отсто, другите млечни производи за 0,6 отсто, житата за 0,4 отсто, трбушките, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи за 0,3 отсто, месото, свежата и разладената риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, другите прехранбени производи за 0,2 отсто.