Дома Здравје Во Македонија нема свинска чума, ама не е исклучена можноста да ја...

Во Македонија нема свинска чума, ама не е исклучена можноста да ја има

245
0
АКЦИЈА

И покрај тоа што мерките против африканска свинска чума се на највисоко ниво, не е исклучена можноста од појава на болеста во земјава, заклучија ветеринарите на денешниот координативен состанок. Државата, како што оценија, е максимално подготвена да се справи со ризиците зашто во континуитет постапува согласно меѓународните стандарди и практики.

Ветеринарите уверуваат дека дијагностицирањето на болеста може да се изврши за неколку часа, зависно од примерокот, состојбата во која се наоѓа и начинот на неговата обработка. Од состанокот порачаа, да се стори се пред да се појави болеста зашто потоа би било доцна.

Воедно апелираа, при секоја промена на здравствената состојба кај свињите, сопствениците веднаш да реагираат и да го пријават случајот кај ветеринарен лекар.

Тие не сакаа да шпекулираат колкави се шансите во земјава да се појави африканска чума, но рекоа дека за тоа постојат реални шанси и можеби е само прашање на време кога тоа ќе се случи зашто болеста се пренесува преку предмети, храна од животинско потекло, но и преку дивите свињи кои се сериозен извор на инфекција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here