Дома Uncategorized Забрана за движење во шума во Националниот парк Маврово

Забрана за движење во шума во Националниот парк Маврово

526
0
АКЦИЈА

Националниот парк Маврово донесе привремена забрана за движење во шума. Известувањето ви го пренесуваме во целост:

И З В Е С Т У В А Њ Е

Со оглед на зголемената опасност за појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведува делумна забрана за движење во шума и на шумско земјиште во Националниот парк Маврово од 06.00 до 20.00 часот.

Забраната почнува да важи од 09.08.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.

Оваа забрана не важи за вработените во Ј.У. Национален парк Маврово и за субјектите кои со дозвола вршат активности од областа на шумарството на површините со кои уптавува Ј.У. Национален парк Маврово.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска против вредност.

Забраната не важи за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите во заштитеното подрачје кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на Ј.У. Национален парк Маврово.


ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here