Дома Свет Европа САЛВИНИ ДО РИЧАРД ГИР: Со твојот приватен авион однеси ги емигрантите во...

САЛВИНИ ДО РИЧАРД ГИР: Со твојот приватен авион однеси ги емигрантите во Холивуд и смести ги во твоите вили

536
0
АКЦИЈА

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини му порача на познатиот американски актер Ричард Гир дека може со неговиот приватен авион мигрантите да ги пренесе во Холивуд и да ги смести во неговите вили.

Оваа изјава на Салвини следеше откако Ричард Гир денеска ја повика италијанската влада да престане да ги демонизира луѓето и наместо тоа да им помогне на емигрантите заглавени на Медитеранот на бродот со кој управува шпанска хуманитарна група.

Холивудскиот актер во знак на поддршка вчера ги посети мигрантите на бродот „Oтворени раце“.

Салвини иронично го нарече Гир дарежлив милионер и му се заблагодари на актерот што изразил загриженост за судбината на мигрантите на бродот.

– Тој можеше да ги одвезе во Холивуд со неговиот приватен авион и да ги згрижи во неговите вили. Фала ти Ричарде, рече Салвини во изјава која ја пренесоа повеќе медиуми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here