Дома Македонија Вести ЗАВРШУВА ОДМОРОТ НА РУСКОВСКА: Од средината на идната недела ќе се врати...

ЗАВРШУВА ОДМОРОТ НА РУСКОВСКА: Од средината на идната недела ќе се врати на работа

371
0
АКЦИЈА

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, кон средината на идната недела ќе се врати на работа и лично ќе ја продолжи истрагата за случајот „Рекет“. Од Јавното обвинителство на РСМ велат дека „според утврдениот распоред и решението, првиот дел од одморот на обвинителката Русковска завршува во среда (14 август)“, објави 360 степени.

Ова би значело дека обвинителката во СЈО надлежна за случајот „Империја“, Лиле Стефанова, повикана во вторник во ОЈО за гонење организиран криминал, ќе го даде исказот пред обвинителот што ја заменува Русковска додека таа е на одмор. Следните денови на распит треба да се појави и Катица Јанева.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here