Дома Македонија Вести ПЕНДАРОВСКИ: Разочаран сум од оваа огромна криминална афера во нашата земја

ПЕНДАРОВСКИ: Разочаран сум од оваа огромна криминална афера во нашата земја

649
0
АКЦИЈА

Претседателот Стево Пендаровски денеска побара од надлежните институции ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за аферата Рекет, барајќи одговорност за сите инволвирани во случајот.

Како граѓанин сум разочаран што се изневерени и моите очекувања и тоа најмногу од луѓето од кои очекувавме да се борат за правна држава. Свесен за мојата одговорност како претседател на сите граѓани и мојата должност да ги штитам интересите на државата и нејзините граѓани, нејзиниот просперитет и безбедност, како и реализацијата на стратешките надвортешно политички цели кон кои изминативе две години забрзано се движиме – НАТО и ЕУ барам од надлежните институции ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата почитувајќи го начелото на презумпција на невиност. Доколку има докази да се поднесат обвиненија против сите инволвирани без разлика дали се носители на јавни функции или не, рече Пендаровски на прес-конференција.

По повод последните случувања поврзани со Рекет, Пендаровски изјави дека изминатиов месец јавноста е сведок на огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува под прашање, уште повеќе од досега, довербата на граѓаните во политичарите и во сопствената држава.

Јас, јавно, уште на самите почетоци на аферата „Рекет” го кажав својот став дека сум разочаран од тоа што го слушнав и повикав на брза и темелна истрага. Наместо тоа, надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за редовна состојба и за рутински предмет, а не е така. Аудио и видео снимките кои се споделуваат на медиумите изминативе денови предизвикуваат длабоко разочарување кај сите граѓани, а особено кај оние кои со години и по цена на постојани притисоци и закани од поранешната власт протестираа секојдневно барајќи правда. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан. И јас, како граѓанин, како човек, не само како претседател, сум разочаран затоа што се изневерени и моите очекувања и тоа најмногу од луѓето од кои очекуваме да се борат за правна држава, рече претседателот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here