Дома Македонија Беџети: Заев бараше да влијаам врз членови на Судскиот совет

Беџети: Заев бараше да влијаам врз членови на Судскиот совет

331
0
АКЦИЈА

Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети денеска на прес – конференција истакна дека премиерот Зоран Заев вршел притисок врз него, со тоа што побарал да влијае на одредени членови на Судскиот совет за смена на еден претседател на суд. Беџети кажа дека премиерот Заев на 17 јули му се јавил и му рекол дека треба да помогне да смени претседател на суд и таа работа треба да биде завршена до септември.

„Јас барањето на премиерот Заев го одбив и за две недели по тој повик се јави Антикорупциската комисија која за мене е корумпирана комисија и покрена постапка за мене. Сигурен сум дека ваквите дејствија на комисијата се последица на притисокот што го одбив да им кажувам на одредени членови како да гласаат“, рече Беџети.

Беџети додаде дека овој период врз него се прави политички притисок. Вели дека прво премиерот Заев му се јавил и барал од него да ги поништи легализациите на дивоградбите. Како што кажа Беџети, Заев преку неговиот шофер му ја пратил целата документација за платформите на Матка. И градоначалникот Петре Шилегов барал од него да се урне една платформа, а другите две да останат.

Беџети кажа дека за ваквите притисоци од премиерот Заев не го информирал претседателот на ДУИ Али Ахмети и партиското раководство бидејќи бил на одмор, но деновиве ќе го стори тоа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here