Дома Македонија Вести Александар Велики и Филип Втори станаa историски фигури од Хеленската историја

Александар Велики и Филип Втори станаa историски фигури од Хеленската историја

292
0
АКЦИЈА

Дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“ денеска добија ново име. Во центарот на Скопје, на плоштад Македонија се поставени нови табли под фигурите на Воинот на коњ, како и под споменикот на Олимпија и Филип Втори.

На плочките пишува дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Воедно, привршува отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, јавните згради и спомениците во Скопје.

Ваквиот потег на македонските власти е резултат на склучениот Преспански договор, во чии рамки има посебен член што се однесува на симболите и историските личности што се дел од наследството на двете соседни земји.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here