Дома Популарно Авион принудно слета во поле со пченка во Русија

Авион принудно слета во поле со пченка во Русија

391
0
АКЦИЈА

Авион Ербас А320 со над 230 патници принудно слетал на рускиот меѓународен аеродром Жуковски, рече портпаролот на рускиот министер за вонредни ситуации.

“Моторот се запалил при полетувањето, соопштило руското министерство за вонредни ситуации.

Според досега достапните информации, пожарот на моторот на авионот довел до принудно слетување. Пожарот настанал кога птица влетала во еден млазните мотори на авионот.

Компанијата “Ural Airlines” соопштила дека авионот полетал од Москва за Симферопољ, кога птици влетале во моторот, како и дека во инцидентот ниеден од патниците не бил повреден.

Директорот на „Урал Ерлајнс“, Сергеј Скуратов наведе дека слетувањето било адекватно, а авионот не бил зафатен од оган, а патниците се евакуирани.

На лице место се испратени 20 екипи на итната помош, а ангажирани се и два хеликоптера.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here