Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, која по враќање од пауза била сопрена од полицаец на влезот во специјалното обвинителство за да ѝ ја претресе торбата, објави попладнево телевизија Телма.
Фетаи изјавила дека полицаецот ѝ кажал како наредбата важи за сите вработени во СЈО и дека претресите треба да се изведуваат и при влегување и излегување во зградата на Рузвелтова.
– Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО, вели Фетаи за Телма.
Според информациите на оваа телевизија, Јанева им викала дека треба да се држат заедно, а доколку таа падне, ќе ги повлекла надолу и ќе кажела што сѐ слушнала за нив.