Дома Македонија ЗИЈАДИН СЕЛА: Предвремени избори мора да има, оваа власт мора да падне

ЗИЈАДИН СЕЛА: Предвремени избори мора да има, оваа власт мора да падне

335
0
АКЦИЈА

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, во вклучување преку скајп за РТВ Ора рече дека во Северна Македонија треба да има предвремени избори и промена на власта.

Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ, рече Села.

Упати и критики кон ДУИ.

– Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полу режим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за кpиминалот и кopyпцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незaкoнски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество, додава тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here