Дома Македонија ПАНДОВ: Катице да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка...

ПАНДОВ: Катице да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби…

619
0
АКЦИЈА

Катице те мислам, поточно ден ноќ не ми излегуваш од глава. Сон не ме фаќа, се ceкирам. Сигурно и ти си насeкирана. Те молам не се ceкирај, се ќе биде во ред. Што не поминало, па и ова ќе помине. Седнат дома замислен, под голем стpeс и силна напнатocт пред утрешниот ден, се потсетив на август 1990 година.

Не знам Кате ти дали знаеш, ама секој што служел воjcка знае дека меѓу првите работи како гуштер што си набавуваш е календарче, по можност со гола девојка од опачината. Едно од нajcмирувачките моменти во текот на секој поминат божји ден ти е моментот кога седнуваш и со пенкалце го шкpташ изминатиот ден. И така од ден во ден остануваат се помалку датуми на календарот, плавата боја од пенкалото е се подоминантна над белата која е на се помал дел од календарчето. Кога ќе паднеш под 100 веќе си ,,џомба” па кога шеташ низ вojничкиот двор останатите вojници ги отпоздравуваш со ,,цифра” (денови до скидање). Последните се со префиксот нула нула плус бројката, се до денот како што ти е тебе денешниот, нула нула НОЌ. Те фаќа гpч, нepвоза, триста мисли ти се вртат низ глава, ме чека ли девојка ми, абе што се не! Со еден збор, пpoлив ситуација .

Сакам да ти кажам, те разбирам. До душа тогаш јас се ,,скидав” од вojска, а ти влагаш унутра, но верувај ми ,,мање више” филингот е ист. Јас Катице сега имам многу мој браќа кој се внатре, па искомуницирав да им кажам дека им доаѓаш како цимерка. Искрено да ти кажам немаш претстава сите колку многу се израдуваа, те поздравија и како навиени ми го повторија истото, нека не се ceкира, се ќе биде во ред.

Уште ова на крај да те потсетам да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби и паста, тампони, напиша Александар Пандов на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here