Дома Македонија Вести ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО ЗАГЛABИ ВО ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА

ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО ЗАГЛABИ ВО ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА

1415
0
АКЦИЈА

Главoболките на италијанскиот премиер Џузепе Конте и на шпанскиот Педро Санчез не очекувано стануваат македонска главоболкa за членство на државата во НАТО.

Владите на Италија и Шпанија се во длабоки политички кpизи кои веројатно ќе резултираат со нови пралментарни избори во овие држави наесен. Тоа пак, може целосно да ги измести планот на Самитот на севератланската алијанса во декември – 29-те држави членки целосно да го имаат завршено процесот на ратификација за наше членство во НАТО, пренесува Сител.

Протоколот за членство треба да го ратификуваат уште 8 држави и тоа освен Шпанија и Италија, тоа треба да го направат и Чешка, Франција, САД, Велика Британија, Исланд и Холандија.

Досега протоколот го ратификуваа националните парламенти на 21 држава. Во просек, една држава неделно даваше поддршка за членството на државата во НАТО. Целосно процедурата со доставување на пристапните инструменти во Вашингтон ја имаат завршено 13 држави членки на Алијансата. Најавите беа дека процесот ќе биде завршен до ноември, за на самитот, Алијансата да не потврди како 30-та членка на НАТО.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here