Дома Македонија Економија Покачување на пензиите, 36 денари за најниската, 63 денари за просечната пензија

Покачување на пензиите, 36 денари за најниската, 63 денари за просечната пензија

484
0
АКЦИЈА

Минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, просечната за 63.

Пензионерите револтирани, велат овие суми не се покачување. Над 170.000 лица кои имаат пензија до 14.500 денари се ранлива категорија и треба да добијат повеќе пари од државата.

Според Аргоровски, решение за проблемот со ниските пензии е враќање на старата формула за пресметка. Со новиот закон растот на платите не влегува во пресметката, туку само инфлацијата. Заради ова, додека платите годинава се зголемиле за 4%, пензионерите со новото порамнување ќе добијат симболични 0,4% повеќе пари на своите сметки.

Надлежното министерствто за труд одговара дека презема активности за подобрување на статусот на пензинерите.

И покрај препораките на Светска банка за замрзнување на пензиите, тие растат.

Претходната влада усогласувањата ги правеше надвор од закон и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите.

Актуелната власт обезбеди стабилна исплата и континуиран раст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here