Дома Метео Денеска сончево и топло, викендов промена на времето

Денеска сончево и топло, викендов промена на времето

127
0
АКЦИЈА

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен во североисточните делови каде повремено ќе засилува.

Дневните температури ќе достигнат до: во Скопје 35 Целзиусови степени, Маврово 29, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 32, Берово 30, Дојран 38.

Времето и утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови претежно во планинските подрачја ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Дневните температури ќе се движат од 28 до 38 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here