На 21.08.2019 во 18.15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(20) од с.Долни Дисан, неготинско и мопед „Лонџија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Неготино.
Во незгодата Х.М. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од мотоциклот У.М.(20) и А.А..
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.