Дома Македонија Вести Законот за Јавно обвинителство без договор оди во Собрание

Законот за Јавно обвинителство без договор оди во Собрание

324
0
АКЦИЈА

Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, следната недела оди во Собрание, каде е закажана седница за вторник, иако засега нема договор меѓу работните групи на власта и опозицијата.

Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, по враќањето на пратениците од колективниот одмор. За законот е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.

Од Министерството за правда за МИА велат дека засега нема закажaно нова средба, иако претходно беше најавено дека разговорите ќе продолжат неделава. Сметаат дека компромисот треба да се гради во Собранието.

– Најдобра опција е консензусот да се прави во Собрание. Пратен е текстот и добро е сите пратеници што имаат забелешки да поднесат амандмани, наведуваат од Министерството за правда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here