Дома Магазин Дневен хороскоп за 27.08.2019

Дневен хороскоп за 27.08.2019

459
0
АКЦИЈА

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе се чувтвувате лошо, како да ве оставиле и подзаборавиле настрана. Некој намерно ви го создава тоа чувство на отфрленост, дали тоа е вашиот љубоморен партнер или ваш пријател, потребно е сами да откриете. Ќе биде поканети да свечена манифестација каде ќе биде потребно да ги претставите вашите квалитети.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ве очекува изненадување од претпоставениот. Освен што ќе добиете признание,можно е и покачување. Ако очекувате наследство, можно е тоа да биде поволно решено и конечнода го добиете она што одамна го очекувате. Партнерот го очекува вашето внимание. Не дозволувајте да се чувствува осамено.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можно е малку да сте запоставени од парнерот, но без грижи тоа е само мал неповолен период во кој секој од вас е совладан од заморот. Случувањата, проблемите, обврските и задачите кои треба да ги извршувате не ви оставаат доволно време за дружба. Но без грижи, по оваа бура следи мирен и романтичен период.

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете внимателни при јавното кажување и донесување на одлуки. Денешниот ден за вас ќе биде како еден нов почеток. Ќе се чувствувате убаво во душтво на семејството, ќе ви биде важна поддршката од блиските и конечно ќе се отргнете од секојдневните проблеми, барем во мислите. Следи период во кој ќе ви биде потребно дополнување на знаењето.

Лав (23.07 – 22.08)

Финансиската ситуација ви е променлива, и тоа ве прави нервозни. Внимавајте на односите со партнерот. Врската ви е во криза и може да добиете екстремни идеи. Прекинот не е она што ви треба во моментов. Семејството нема да ги подржи вашите очајни потези.

Девица (23.08 – 22.09)

Време за нови почетоци и признанија. Поддршката од колегите нема да биде конкретна, но не размислувајте за нив. Љубомората е составен дел од животот. Ако сте во брак или во сериозна врска, ситуацијата со партнерот е стабилна. Искористете го овој убав период и насочете ја енергијата кон работата.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес обидете се да му помогнете на партнерот. Тој има некои проблеми кои ќе морате заеднички да ги решавате. Не бегајте од решавање на проблемите затоа што на тој начин уште повеќе ќе се натрупаат. Во домот сте присутни само телесно, а умот ви е на друга страна. Обидете се повеќе да му се посветите на семејството.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ова е особено поволен период за зголемување на финансиите. Денес е можно да отидете на неколку состаноци кои ќе се одвиваат токму онака како што сте замислиле. Ако сте невработени, ќе имате можност да избирате. Ќе добиете повеќе понуди, и вам ви останува да размислите што е најдобро за вас.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ако имате сопствен бизнис, не влегувајте во нови зделки. Најдобро би било работите да ги одложите за една недела, кога почнува поповолен период за вас. Обидете се да не обрнувате внимание на нервозата на партнерот. Внимавајте на крвниот притисок, зашто може да ви предизвика проблеми.

Јарец (22.12 – 20.01)

Со партнерот ви претстои многу сериозен разговор во врска со финансиите. Мерките на штедење што тој ги заговара не ви одговараат, но ќе морате да ги прифатите. На работното место се ќе се одвива по старо, односно ќе завладее монотонија, тоа на вас ќе ви одговара, но само одреден период.

Водолија (21.01 – 19.02)

Финансиската независност е многу важна за вас и секој прилив ве прави да бидете уште похрабри во реализацијата на своите планови. Бидете внимателни со непријателите. Притисоците што ги чувствувате не се случајни. Можно е и да сте на погрешен пат и да не знаете кој ви е вистинскиот непријател.

Риби (20.02 – 20.03)

Ситуацијата на работното место е напната и немојте додатно да ја бранувате со вашите коментари. Ако сте невработени, денес може да добиете шанса која одамна ја очекувате. На одговор ќе чекате подолго време, но не обесхрабрувајте се. Ситуацијата со партнерот е мирна и стабилна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here