Дома Магазин „Медена земја“ – македонски кандидат за „Оскар“

„Медена земја“ – македонски кандидат за „Оскар“

176
0
АКЦИЈА

Македонскиот документарец „Медена земја“ ќе биде македонски кандидат за „Оскар“.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, при Друштвото на филмски работници на Македонија, прифатена и одобрена од американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов да биде национален кандидат на Република Македонија за оваа награда за 2020 година.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар-Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.

Документарецот „Медена земја“ неодамна имаше успешно прикажување низ киносалите во САД, а на престижниот „Санденс“ ја освои Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов, како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here