Дома Здравје Мусака со печени пиперки

Мусака со печени пиперки

418
0
АКЦИЈА

Состојки

500 гр мелено месо
2 кромид
10 печени пиперки, поголеми, исчистени
1 јајце
1 павлака (180 ml чаша)
1 лажица сув зачин
малку сол и бибер
1 чаша вода
3 – 4 лажици масло

Подготовка

Исечкајте кромидот, додадете малку вода и сув зачин и динстајте 15 минути.
Додадете го меленото месо и продолжете со динстањето околу 20 минути со додавање малку вода.
Вклучете ја рерната на 200 степени за да ја загрее.
Земете огноотпорен или керамички сад, тава, и премачкајте со масло.
Пиперката “отворете” ја, исечете и поделете ја на три дела.
Покријте го долниот дел од тавата со пиперките, преку нив ставете половина од месото, па уште еден ред пиперки
и месо.
Остатокот од пиперките, колку и да се, ставете ги во последниот ред.
Можете да го замените средниот ред пиперки со компирите споменати погоре.
Изматете го јајцето со павлаката, водата, солта, биберот и прелијте ги пиперките.
Печете еден час, до еден час и половина, во зависност од рерната и колку треба да се загрее тавата.
Готово е кога ќе се фати убава кора.

Служете топло. Пријатно.

Извор Кукурику

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here