Дома Магазин Дневен хороскоп за 28.08.2019

Дневен хороскоп за 28.08.2019

1501
0
АКЦИЈА

Овен (21.03 – 20.04)

Обидете се да го поправите незадоволството од актуелните случувања на вистинскиот начин. Поради недостиг од енергија и умор, исцрпени сте, па повеќе одморајте се и мирно чекајте ги вашите пет минути. Само со мудрост може да ја совладате кризата.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе се појават ситни проблеми кои вас многу ќе ве изнервираат, потребно е само да научите да ги игнорирате. Не ставајте се при срце, научете да се релаксирате и да не им обрнувате внимание на оние кои сакаат да ви ја пореметат хармонијата. Во текот на денот ќе доживеете и среќни и креативни моменти кои ќе ве издигнат на повисоко ниво.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Малите проблеми кои се појавуваат во околината ќе ги решите едноставно. Денес ќе бидете иновативни и ќе смислите начин како да ги завршувате сите обврски навремено. Во поладневните часови ќе сакате да се релаксирате со добар филм. Моментите поминати со партнерот ќе ви ја вратат енергијата и вербата.

Рак (22.06 – 22.07)

Причина за слабоста е во вашата премореност, морате да најдете начин да се релаксирате и да се одморите. Викендов е одличен за нешто такво. Во понеделник очекувајте понуда за соработка од некој Лав. Научете да не се нервирате од озборувањата.

Лав (23.07 – 22.08)

Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот. Можна е обнова на соработката со некој Бик или Шкорпија.

Девица (23.08 – 22.09)

Постојано сте опкружени со непријатни случки кои сакате да ги скриете од блиските. Не обвинувајте некого, сами сте виновни за таквата состојба. Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски. На крајот на денот ќе сфатите дека претеравте со сите активности.

Вага (23.09 – 22.10)

Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работите обврски. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Бидете вредни, избегнувајте ги расправиите со околината и ќе успеете. Ќе бидете задоволни со резултатите од вашата работа, но и од партнерот. Љубовта и парите за вас се еднакво значајни. Во поладневните часови опуштете се во друштво на пријателите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви се укажува одлична можност за патување. Бидејќи сте материјалистички настроени, пресметајте како ќе профитирате од тоа. Не грижете се, ќе успеете, иако ви се случува често да инвестирате во погрешни лица и работи. Нервозни сте поради преокупираноста на партнерот со работа. Помалку озборувајте.

Јарец (22.12 – 20.01)

Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки.

Водолија (21.01 – 19.02)

На почетокот на денот ќе бидете добро расположени, но во текот на вечерта ќе дојде до промена. Всушност вас ве совладуваат емоциите и не можете да приметите дека работата одлично ви оди, соработниците го ценат вашето мислење и компанијата во која работите се надева на вашата помош.

Риби (20.02 – 20.03)

Планетите имаат големо влијание над вас, искористете го тоа. Намалете ги дневните активности и повеќе време посветете му на одморот. Разумно распределувајте ги парите. Некој повик од странство може да ве вознемири.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here