Дома Македонија Економија ПЕНЗИОНЕРИТЕ PEBOЛТИРАНИ ОД ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ ОД САМО 36 денари

ПЕНЗИОНЕРИТЕ PEBOЛТИРАНИ ОД ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ ОД САМО 36 денари

513
0
АКЦИЈА

Минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, просечната за 63. Пензионерите peволтирани, велат овие суми не се покачување. Над 170.000 лица кои имаат пензија до 14.500 денари се paнлива категорија и треба да добијат повеќе пари од државата.

Нeзадоволството од зголемувањето на пензиите од само 0,4% пpeдизивика рeакции и кај Пензионерскиот синдикат на Македонија.

Имено какошто пренесува порталот „Работник“ на Конференцијата на синдикати на Македонија, синдикатот на пензионери за ова е изјаснил во декември во 2018 кога всушност и била направена измената на членот 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Според измените од овој закон, Пензионерскиот синдикат укажал дена растот на пензиите ќе биде минимален, односно пензиите повеќе ќе стaгнираат и со оваа измена најмногу погодени ќе бидат пензионерите со ниски примања.

Марјан Спасовски, претседателот на Пензионерскиот синдикат истакнал дека просечната плата е зголемена за околу 20%, и поради тоа тие бараат усогласувањето на пензиите да се врши според движењто на индексот на трошоците во висина од (50%) и порастот на просечната исплатена плата во висина од (50%).

Од Синдикатот на пензионери предупредуваат и дека ако и понатаму се продолжи со овој начин на порамнување на пензиите ќе дојде до пад на стандардот на пензиите и затоа бараат да се врати членот 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување пред измените од 2018 година.

Членот 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2018 гласи:

Усогласувањето на старосната пензија се врши според движењето на иднексот на трошоците на живтот во висина од 50 проценти и порастот на просечната исплатена плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50 проценти.

(2) Пензијата од став (1) на овој член се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената нето плата на сите вработени во Република Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

(3) Заради примена на став (1) од овој член пензијата остварена во тековната година претходно се сведува на месечен износ според порастот на платите од декември претходната година во однос на просечната плата истата година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here