Дома Популарно Киев и Москва разменија затвореници

Киев и Москва разменија затвореници

104
0
АКЦИЈА

Украински затвореници, меѓу кои и морнари и филмскиот режисер Олег Сенцов, патуваат со авион за Украина, по завршување на постапката за размена на затвореници со Русија, објави украинскиот јавен обвинител на Фејсбук.

– Размената е завршена: морнари, Сенцов, Карпук, Балух, Гриб летаат дома – напиша Ана Исламова од Врховната Рада под постот на украинскиот главен обвинител.

Во коментарите што следат, приврзаниците на новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски го пофалија дека го исполнил предизборното ветување за ослободување на притворените Украинци во Русија.

Главниот уредник на „Ехо од Москва“, Алексеј Венедиктов во својата програма потврди дека авионот со ослободените Украинци треба да слета во Киев во 5 часот, но во 7 часот се уште нема потврда за оваа информација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here