Дома Македонија Детали за крвавото убиство во Гостивар, уапсен убиецот

Детали за крвавото убиство во Гостивар, уапсен убиецот

463
0
АКЦИЈА

Уапсен гостиварчанецот кој вчера уби жена, а се обиде да убие и уште две лица во Гостивар, поради паричен долг.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ѓ.Д. кој се сомничи за кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“. Тој е лишен од слобода вчера во 5.40 часот по преземени мерки и активности од полициски службеници од Полицијата во Гостивар.

По 3 часот во стан во зграда на улицата Илинденска во Гостивар со употреба на нож ја усмртил 78-годишната С.Т. и се обидел да ги усмрти и 54-годишниот С.Р. и 60-годишниот Б.Р. поради наводен паричен долг од Б.Р.

По преземени мерки и активности, Ѓ.Д. е лишен од слобода од страна полициски службеници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here