Дома Македонија Вести Целосно изгаснат пожарот кај Катланово

Целосно изгаснат пожарот кај Катланово

214
0
АКЦИЈА

Скопската протипожарна служба информира дека утринава во 5:50 е целосно изгаснат пожар кај Катланово.

Според информациите пожарот на сите позиции каде бил е изгаснат.

Од она што е познато од синоќа, 10 возила и 22 пожарникари беа вклучени во гаснењето на пожарот кај Катланово. На терен е испратено и едно возило од рафинеријата „ОКТА”, да им помогне на пожарникарите.

-Засега сме на терен 22-ца пожарникари со десет возила. Продолжуваме со гаснење и во текот на ноќта. Зафатена е голема површина која се шири нагоре, кон боровата шума, но сметаме дека стихијата нема да ги зафати викенд-куќите, рече вчера командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир. Симоновски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here