Дома Македонија Вести Започна штрајкот на наставниците во Македонија

Започна штрајкот на наставниците во Македонија

333
0
АКЦИЈА

Денес наставниците на територијата на Македонија стапија во штрајк, поради како што велат, неисполнетите ветувања за покачување на платите.

-Ние како просветни работници денес решивме да ја поддржиме одлуката на СОНК и иницијативата за еднодневниот штрајк. Воедно се надеваме дека надлежните ќе имаат слух за нашите барања, воедно и во тој дел ќе најдат сили да ги остварат нашите барања, велат наставниците од Штип.

Тие истакнаа дека ќе останат на работните места но засега без работни обврски.

Од СОНК уште еднаш кажаа дека ова е предупредувачки штрајк и дека доколку власта остане глува за барањата на наставниците, штрајкот ќе се радикализира.

Од СОНК велат дека очекуваат во иднина од Министерството за образование и наука да понудат компромис и овие проблеми да се надминат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here