Дома Македонија Вести Фросина Ременски: Боки, Зоки и Катица ги знам од телевизија

Фросина Ременски: Боки, Зоки и Катица ги знам од телевизија

1467
0
АКЦИЈА

Ќе се воздржам од коментари дали мојата функцијата била злоупотребена или не, изјави пратеничката Фросина Ременски по излегувањето од распитот во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“.

На прашањето дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски рече дека и кога опозицијата го споменувала нејзиното име таа јасно стоела на став дека случајот треба да се истражи.

За фотографиите со неа и Боки 13 таа појасни дека не значи дека сите кои се фотографирале со него се инволвирани во „Рекет”.

Таа изјави дека не ги познава обвинетите од „Рекет“.

– Со индигнации ги отфрлам и демантирам информациите кои ги пласирате дека сум соработувала со обвинетите. Со Орце Камчев, Зоки Кичеец, Бојан Јовановски и Катица Јанева не сум никако поврзана. Најодговорно ги демантирам сите прашања, се познаваме како и вие што се познавате од телевизија – рече Ременски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here