Дома Магазин Дневен хороскоп 05.09.2019

Дневен хороскоп 05.09.2019

415
0
АКЦИЈА

Овен (21.03 – 20.04)

Неспокојни сте бидејќи не сте свесни што и на кого му должите. Потребно е комплетно да ја поправите состојбата, и доколку имате долгови да започнете да ги елиминирате. Ќе имате можност одлично да се промовирате пред странци и да успеете да соработувате со нив, а за сето тоа ќе ви помогнат советите и поддршката од некој Стрелец.

Бик (21.04 – 21.05)

Смислата за комуникација и човечките односи ќе ви овозможат да го проширите бизнис влијанието. Ќе остварите контакти кои ќе имаат позитивно влијание врз вашата професионална иднина. Сепак, мора да бидете трпеливи и да чекате додека да се создадат поволни услови за реализација.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Некој ќе се обиде да ве убеди на нешто што него го интересира и ќе ве провоцира со цел да дознае нешто. Идејата за работа со странци ќе ви донесе добри нешта. Верувате дека сте на правиот пат кога станува збор за некој нов проект. Добрата соработка можете да ја остварите со некој Рак или Лав, особено ако приватно се познавате.

Рак (22.06 – 22.07)

Се чувстувате непријатно од премногу наметливите лица кои од вас очекуваат нешто што вие не сте во состојба да им го дадете, без оглед дали станува збор за некоја колегијална услуга или за пари. Добро се согласувате со некоја Шкорпија која е подготвена да ви излезе во пресрет за некое важно прашање. Ќе добиете поволна вест од некоја Девица.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе добиете повик да се сретнете со некој Овен но нема да знаете дали тоа е поволно или не, дали ви се овозможува напредување или ќе бидете во непријатна состојба. На некој му е многу важно да го обнови односот со вас, дури и ако станува збор за некој Бик со кого не се согласувате, би требало да се прилагодите.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете преокупирани со средување на финансиите. Некои од вас ќе се грижат за старите родители или членови на семејството. Ви се нудат можности за учење и професионален развој. На работа ќе преземете должности и одговорности за кои сеуште не се чувствувате подготвени.

Вага (23.09 – 22.10)

Постепено ќе ја обновувате соработката со оние кои ви се исклучително важни за работата. Вистински момент е да тргнете во акција по сите оние прашања кои долго сте ги одолговлекувале за донесување на одлуката.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес сте голем идеалист, што и не е така лошо, бидејќи верувате дека можете да постигнете се што ќе посакате. Сепак, нереалните соништа можат да ви донесат многу разочарувања, па намалете ги очекувањата и прилагодете ги на реалната ситуација.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се растеретите од наталожените обврски, Препуштете им ги тешките задачи на другите лица. Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но ви недостасува добра прилика да ги остварите вашите намери.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој го критикува вашиот стил на работа, а тоа дополнително ве оптеретува, но немате причина да реагирате суетно. Обрнете му внимание на корисниот совет и прилагодете го своето однесување на деловнта динамика која ја поставуваат блиските соработници.

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате добар план и стриктно се придржувате до формираниот деловен договор. Ќе се покаже дека вашата проценка и начинот на делување се од заеднички интерес. Прифатете ги различните можности. Емотивната нота која ја чувствате ве наведува на послободно изразување.

Риби (20.02 – 20.03)

Внимателно анализирајте ја својата околина и не дозволувајте некој да ве потикнува на ривалски односи. Деловниот ризик во овој момент претставува погрешен избор. Претерувате со очекувањата од саканото лице.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here