Дома Македонија Вести Кирацовски: Со Боки 13 само еднаш се сликав

Кирацовски: Со Боки 13 само еднаш се сликав

630
0
АКЦИЈА

Пратеникот на СДСМ и поранешен генерален секретар на владејачката партија, Александар Кирацовски, откако даде изказ за предметот „Рекет“, изјави дека бил повикан како сведок кој располага со информации за одредени настани.

-Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не се дискутираше со мене. Ниту ги знам ниту ги познавам – рече Кирацовски.

Тој посочи дека никогаш не бил дел од структурите на Меѓународниот сојуз и дека не бил посредник на првоосомничениот Бојан Јовановски во проектот за изградба на старски домови.

– Како политичари комуницираме со многу личности, но тоа не им дава право тие да прават криминал. Од нас многумина бараат да се фотографираат и се надевам многумина тоа не го злоупотребуваат. Сликањето не е злодело – посочи Кирацовски, додавајќи дека само еднаш се фотографил со Боки 13.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here