Дома Македонија Вести 1ТВ престана да емитува програма

1ТВ престана да емитува програма

451
0
АКЦИЈА

1ТВ од вчера престана да емитува програма, по иницијатива на вработените. Ова значи дека ако продолжи вака 30 дена, согласно Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, ќе и биде одземена дозволата за работа. Неформалниот сопственик на 1ТВ беше Бојан Јовановски – Боки 13, кој е приведен во Шутка како осомничен за аферата „Рекет“.

Телевизијата на Боки 13 почна со работа во март 2018 година, кога беше помпезно отворена. На свеченоста по повод отворањето учествуваше државниот и партиски врв на владејачкиот СДСМ, а во новинарскиот погон беше ангажиран тим од познати новинарски имиња, блиски до власта, како и поголем број млади.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here