Дома Македонија Вести Јанева од затворот побарала активирање на поднесената оставка од 15 јули

Јанева од затворот побарала активирање на поднесената оставка од 15 јули

217
0
АКЦИЈА

Комисијата за избори и именувања донесе заклучок за барањето на Советот на јавни обвинители – Катица Јанева треба да биде разрешена од челната позиција на СЈО. Kако што јавија дел од медиумите вчера попладнето Јанева доставила писмо од затворот за активирање на поднесената оставка од 15 јули.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

Инаку идната недела се очекува собранискиот спикер Талат Џафери да ја закаже седницата, каде што пратениците ќе гласаат за разрешување на Катица Јанева.

Поради доверливоста на материјалот испратен од Советот на јавни обинители, надлежната собраниска комисија заседаваше зад затворени врати.

За околу еден час едногласно и без расправа одлучи да му препорача на Собранието да ја разреши специјалната обвинителка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here